Храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста, кој е еден од многуте цркви во прилепската населба Варош, утре за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, широко ќе ги отвори портите за сите верници и добронамерници.
Вечерва со почеток од 18:00 часот и утре од 07:00, ќе се одржи и Света Литургија, на која се очекуваат голем број верници.