И покрај апелите на надлежните сите од погодените области од ураганот да се евакуираат, еден Американец стана хит кога објави видео на кое речиси целосно гол и се спротивставува на бурата.
Лејн Питнам со знаме во раката застанал на улицата и повикал: “Само се однесувам слободно и американски”.
Man stares down Hurricane Florence with American flag in hand: 'Just being free and American' (Fox) pic.twitter.com/oqccB37tZK
— Breaking911 (@Breaking911) September 15, 2018
Најмалку 5 луѓе, вклучувајчи и една мајка и бебе, настрадаа во Северна Каролина од ударот на ураганот Флоренс.
Ураганот кој значително ослабна во текот на вчерашниот ден, со себе носи голема количина на врнежи.