Продолжува дивеењето во центарот на Прилеп и изживувањето врз новата општинска зграда. Протестите на СДСМ и СОРОС кои се одвиваат секојдневно во градот, предизвикуваат хаос, нереди и големи оштетувања на фасадата на општинската зграда.
Мета на напад во вчерашниот “револуционерен ден” беше и задната страна на општината.
Иако во изминатите денови осуди стигнаа од многу граѓани, здруженија на граѓани и невладини организации, вандалското однесување продолжи во ист ритам, уште побрутално и поагресивно.
Поради ваквите протести закочен е и градскиот сообраќај во овие предпразнични денови, кога граѓаните особено го користат, подготвувајќи се за големиот христијански празник Христовото Воскресение.
Прилепчани кои со тешки погледи секојдневно гледаат кон ваквото нагрдување и уништување, велат дека никој не им дава за право да го уништуваат она што не го ни создале. Се сомневаат во борбата за правда и еднаквост, бидејќи навикнати се во минатото, кога на власт беше СДСМ, работните места во градот да се наследуваат од татко на син, токму од страна на тие кои се наоѓаат во првите редови на протестите.
Можеби и тоа е целта на изразување на ваквиот гнев, можеби парите се пресудни.
Но, за среќа многу мал дел од граѓаните наседнуваат на ваквото сценарио и поддршката губи на масовност од ден на ден.
Едно е сосема сигурно, на ваков начин нема да и се помогне на државата, на ваков начин не се гради општествен консензус и подобро општество. На ваков начин СДСМ создава само една агонија и тортура врз населението, и гради привидна илузија дека работите ќе тргнат кон нешто подобро.
А.Г.