Утрово прилепчани беа згрозени од варварски чин на уништување на приватни имоти кои се користат за потребите на месните комитети на владеачката партија. Ваквиот блам потекнува од немањето на програма за престојните избори, како и од предвременото соочување со изборниот пораз, се вели во денешната пресконференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи кон опозиционерите од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп апелираат за воздржаност на нивните членови и ги повикуваат граѓаните да го казнат СДСМ на изборите на 11 декември со тоа што ќе гласаат за дела и проекти, а не за уништување на општествен и приватен имот.
“Пред 5 месеци уништуваа објекти од јавен интерес и национални споменици! Да ве потсетиме: ја уништија новата зграда на Локалната самоуправа-најубавата во Македонија! Го уништија плоштадот “Методија Андонов -Ченто”, споменикот на Итар Пејо. Синоќа уништиле штабови од ВМРО-ДПМНЕ! Тие се места од кои доаѓаат идеите за подобар живот, идеи од кои се изработува програма, во која има проекти за сите! Но, нашите очајни противници повторно ја продолжуваат старата пракса! Демолирање и уништување! Знаеме дека и овај пат ова ќе биде брутално казнето на 11 декември! Заради оваа негативна енергија, наспроти делата и проектите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници!”, стои во пресконференцијата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп.