Утре од 13 часот во седиштето на УЕФА Нион од 13 часот е закажан жребот за првата рунда од новиот циклус натпревари во младинската Лига на шампиони.
Со освоената титула во нашиот младински шампионат младинците на Победа се стекнаа со правото да ја претставуваат Македонија во ова престижно натпреварување на најдобрите младински фудбалски колективи на Стариот континент.
Првите мечеви на фудбалерите родени 2004-та и помлади, на програмата се на 14 септември а реваншите од прелиминарната рунда на 5 октомври.
Според првичната поделба на надлежните од УЕФА Победа е во 2-та група, a можни противници на црвено-белите се:
АЗ Алкмар (Холандија), Хибернијан (Шкотска), Молде (Норвешка), АИК (Шведска), Расинг унион (Луксембург), Шамрок роверс (Ирска) и Колерејн (Северна Ирска).