Министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил објави дека Холандија во знак на благодарност во борбата со короната на здравствените работници им подари 1.000 лалиња.
“Короната спречува многу нешта, но не и пријателството, солидарноста и креативноста. По повод Националниот ден на Кралството Холандија, холандската амбасада симболично, подарувајќи им 1100 лалиња, изрази почит и благодарност за пожртвуваниот и несебичен ангажман на македонските здравствени работници”, напиша Димитров.