Хилари Клинтон повеќе никогаш нема да се кандидира за државна функција откако претрпе пораз од Доналд Трамп на претседателските избори во ноември минатата година.
“Мислам дека таа ќе се занимава со давање помош на деца и семејства”, рече за CNN Нира Танден, претседателка на Центарот за американски напредок, кој е поврзан со Демократската партија, пренесува AFP.
“Не очекувам никогаш повеќе да се кандидира за било која државна функција”, додаде Танден.
Ф.Г.