Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи актуелна стана приказната за момчето, кое му пружило помош на повозрасен човек, кој додека пешачел покрај Вардар пaднaл и си го ckршил колкот.
Другари, го најдовме Бојан Трајковски за помалку од еден час, Ви благодарам на сите што помогнавте. Е сега да ја раскажам приказната во целост:
Вчера околу 19.00 чичко Јован кој до вчера не го познававме, многу љубезен господин, пaднaл при прошетка на кејот позади Вучко во Аеродром и се повредил. Кејот е прометен, поминуваат многу луѓе, но освен Бојан, никој не застанал да види дали му треба помош, човекот со ckpшен колк сам се дигнал и имал среќа да налета Бојан, кој е полицаец по професија (не беше на должност, ова денеска го откривме). Бојан стоеше 30 мин за чичко Јован да се потпира на него дур стигне Брзата помош. Во целата мешаница, чичко Јован не му го земал бројот, и Вие сите помогнавте да ги споиме.
Бојан Трајковски на нас неколку што те запознавме вчера ни ги стопли душичките, чичко Јован многу ќе ти се израдувa
До медиумите: Очекувам ова да биде вест за да покажеме како треба и како не треба, веќе толку сме оттуѓени, се однесуваме како да сме сами на светов. Имаше еден коментар дека ова не треба да биде исклучок туку правило, но за жал, дур не стане правило, јас би сакала Бојан да биде идолот на младите и се до тогаш, би сакала да добие медиумски простор.