Харисон Форд по петти пат ќе биде Инди, дефинитивно, а филмот ќе го режира Стивен Спилберг. Во кината ќе биде од 19-ти јули 2019-та.
Информацијата ја објавија од Волт Дизни. Кога ќе биде премиерата на филмот Форд ќе има 77 години, а Спилберг 72.
Се уште не се знае насловот на најновиот дел од франшизата, кој е во продукција на брачниот пар Кетлин Кенеди и Френк Маршал.
„Индијана Џонс е еден од најголемите херои во историјата на филмот и едвај чекаме да го вратиме на големото платно. Реткост е да се има таква совршена комбинација од режисер, продуценти, актер и улога и возбудени сме заради оваа авантура со Харисон и Стивен“, изјавил Алан Хорн од Волт Дизни.
Форд се врати во последниот дел од Star Wars, а ќе глуми и во продолжение од Blade Runner чија премиера е во јануари 2018-та.