Хабитат Македонија го спроведуваат проектот „Воспоставување на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија“. По тој повод, Хабитат Македонија и општина Прилеп потпишаа Mеморандум за соработка каде е нагласен заедничкиот интерес за воспоставување Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради како и да обезбедат совети во подобрување на квалитетот на домувањето во колективни станбени згради.
Проектот претставува тригодишна иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради во Република Македонија.
Во рамките на овој проект се предвидуваат активности за поддршка на општините за формирање на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители, согласно член 112, став 2 од Законот за домување.