“Футура” стана гигант, лидер во малопродажба, а в година домаќин за патронот “Теракота”

Во центарот на Прилеп денеска по 16-ти пат се празнуваше заштитникот на градот, Свети Никола Чудотворец.

Домаќин на годинешното чествување беше семејството Тарунџиоски, кои поради пандемијата со Ковид -19, а заради безбедност на сите, во договор со Општината минатогодишната прослава на верскиот празник Св.Никола ја одложија за оваа година. Семејството Тарунџиоски како домаќини за сите посетители подготвија посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав, посни специјалитети и пијалоци.

Во своето обраќање домаќинот на градската слава Тарунџиоски порача дека благодарение на бога и патронот на град Прилеп Св. Никола, денеска е домаќин на нашата градска слава, и се надева дека годината што следи ќе биде подобра за сите граѓани.

Сопствениците на компанијата „Теракота“ се обратија пред присутните истакнувајќи го задоволството од укажаната чест да бидат домаќини на градската слава наредната година, и во името на сите вработени во нивната компанија и во нивно лично име се обврзаа и догодина достојно како домаќини да ја продолжат традицијата во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.