Кристијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус и еден од најдобрите фудбалери на денешницата е ставен на продажба.
Оваа одлука ја пренесоа голем број на европски медиуми кои тврдат дека челниците на Јуве решиле да се ослободат од Роналдо, а со тоа значајно да ја олеснат финансиската ситуација во клубот, која не е баш идеална поради пандемиjaта со kopoнавиpycoт.
Роналдо би требало да го напушти Јувентус по крајот на оваа сезона.
Откупната клаузула за Португалецот е 100 милиони евра. Роналдо годишно заработува 31 милион евра, што за “кopoна буџетот” на Јувентус е премногу во овој момент.