Фудбалската репрезентација на Македонија од новиот партнер „Пивара Скопје“ доби изненадување пред Европското првенство (ЕП) и настапот на големата сцена и сите играчи имаат персонализирани лименки.
Пред настапот на ЕП, ФФМ доби нов партнер и на лименките „Скопско“ за време на настанот ќе има потписи на фудбалерите и на нив ќе биде изгравирано нивното име. Секако, во целата приказна е и селекторот Игор Ангеловски, кој доби персонализирано шише.
Фудбалерите во хотелот ги добија персонализираните лименки и заеднички наздравија за нови успеси на Европското првенство каде сме во група со Холандија, Австрија и Украина.
ФОТО: Пивара Скопје