Фудбалската ѕвезда „уловен“ со непозната девојка во хотел – бесната сопруга бара да го раскине договорот и да се врати дома во Англија (ФОТО)

Англискиот фудбалер Вејн Руни, кој настапува за американскиот ДЦ Јунајтед, се најде во центарот на најновиот спортско-естраден скандал што ја потресе британската јавност. Сакндалот изби откако англиските медиуми го „уловија“ Руни како влегува во хотелска соба на хотелот „Хајат реџенси“ во Ванкувер со жена којашто не е неговата сопруга.

Како што објави „Сан он сандеј“, фотографиите на Руни со неговата мистериозна пријателска со тетоважи на раката биле снимени во 5.30 часот наутро, по неколку забави полни со алкохол на коишто Руни бил со своите соиграчи од клубот.

Чекаа некое време, по што заедно влегоа во лифтот – вели за „Сан“ сведок на средбата што излезе во јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.