На 16 декември 2015 година во организација на ЕВС волонтерите од Франција и Романија, заедно со тимот од Коалиција на младински организации СЕГА, ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп , се одржа француско – македонска Божиќна вечер во кафе бар „Вирус“ во Прилеп. На оваа вечер свое учевство зедоа 20тина ученици од француската секција, при нашето училиште СОЕПТУ „ Кузман Јосифоски-Питу“. Оваа вечер нашите ученици ја збогатија со видео презентација која ја запозна публиката со традиционалниот начин, како во Франција се слави еден од најзначајните празници на христијанството – Божиќ.
Беше изведена прекрасна интерпретација на „Под мостот Мирабо“ на Жак Превер и типично француската Божиќна песна “Le petit garcon”, што ја отпеа хорчето на секцијата во која учествуваат ученици од сите четири години. За вистинска божиќна атмосфера на амбиентот придонесоа прекрасните декорации и колачи изработени од рацете на нашите ученици. Публиката ја израдуваа малите божиќни подароци во вид на лотарија и новогодишните желби кои секој гостин можеше да ги упати до Дедо Мраз. На крај на овој настан настапи ЕВС волонтерот од Франција Јоан Шумахер, кој одржа мини концерт.
Настанот беше посетен од голем број млади и придонесе гостите да се запознаат меѓу себе, да се дружат со странските волонтери како и меѓусебно да разменат искуства и дел од нивната традиција.