ФОТО: 660 кандидати за идни полицајци ја започнаа обуката

1

Во Центарот за обука на кадри при Министерството за внатрешни работи во Идризово од денес започна едногодишна обука на 660 кандидати за полициски службеници кои беа селектирани по објавениот оглас за прием на 600 полициски службеници кој беше објавен на 10 јули 2015 година.

2

-Како што е познато на конкурсот објавен на 10.07.2015 за прием на 600 извршители на работното место „полицаец“ беа пријавени околу 3000 кандидати. Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Беа опфатени тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и здравствени проверки. Притоа, со овие кандидати е потпишан Договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 07.10.2015 година, соопштуваат од МВР.

3

Интернатската обука на кандидатите ќе се одвива во три образовни модули- јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секој од модулите трае четири месеци од кои три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука, а по еден месец практична, теренска обука. По завршената основна обука , Договор за вработување во МВР потпишуваат 600 кандидати согласно ранг листата изготвена од Центарот за обука .

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.