Пожарникарите во кинескиот град Fuqingu имале полни раце со работа, за да од веш машина извадат еден несреќен човек.
Неименуваниот човек се обидел да го утврди местото на дефектот на својата машина, па притоа се заглавил. Неговиот цимер, кој безуспешно се обидувал да му помогне, бил приморан да ги повика пожарникарите.
Кога помошта пристигнала, човекот веќе бил во тешка состојба поради недостаток на воздух, како и од обидите да се извлечи. На пожарникарите им биле потребни 40 минути да ја пресечат расипаната машина и да го извадат овој несреќник од внатре.
А.Г.