Инспириран од моменталната ситуација во светот Крис секој ден прави нова тетоважа на неговото тело.
И додека го поминува времето во кapaнтин во својот стан во Лондон, Британецот Крис Вудхед (33) секој ден на своето тело прави нова тетоважа.
Сепак, тој сподели дека има уште многу малку простор на својата кожа, бидејќи поголемиот дел му е прекриен со “цртежи”. Тетоважите кои ги има на телото се различни, од коцки, до скорпии, палми, срца, па до вуду кукли.
Крис започнал да се тетовира уште кога имал 18 години. Тој е опседнат со американската панк музичка сцена и тетоважи.
Кога започна кapaнтинот, тој на него имал околу 1000 тетоважи, а за време на изолација додал околу 40 нови. Студиото во кое ги прави тетоважите е затворено поради пандемијата, па сега времето го поминува со сопругата Ема и со нивното куче.
Секој ден Крис црта по 14 часа, а потоа прави чај и започнува со тетовирање.