ФОТО: Хрват продава опседната кукла која навечер му шепоти и не му дава да спие

Куклата се продава за само 13 евра, но никој не сака да ја купи.

received_10208614472710735

-Ја продавам оваа 100 години (можеби и повеќе) стара кукла, совршено сочувана, без никакви оштетувања, со оригиналната облека. Наводно е многу вредна, но не сакам веќе да ја имам во моја близина.

Ја чувам во кутија во подрумот бидејќи кучињата постојано лаат на неа, а исто така и ноќе ни шепоти со нежно гласче и не ни дава да спиеме.

Целосно е незапалива, во што и неколку пати се имам уверено. Веќе два пати ја подарив, но ми ја враќаа бидејќи луѓето се плашеа да бидат во нејзина близина. Се обидов да ја фрлам во контејнер, но потоа кога се враќав ја наоѓав на фотелја како никогаш да не била фрлена.

Еднаш повикавме поп да ја благослови, но му се слоши веднаш штом ја попрска со света вода и почна да се моли, па веднаш излезе од куќата и веќе никогаш не ни се јави. Сето ова ни е ногу стресно, па затоа одлучив да ја продадам за симболична цена“, изјавува несреќниот сопственик во огласот, со назнака: „Предност имаат купувачите надвор од Хрватска или далеку од Самобор и Загреб“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.