Тајванското воздухопловство предупреди дека девет кинески авиони влегле во нејзината зона за воздушна одбрана, соопшти тајванското Министерство за одбрана, истиот ден кога Русија ја нападна Украина.
Министерството соопшти дека биле вклучени осум кинески ловци J-16 и еден извидувачки авион Y-8, кои полетале во област североисточно од островите Пратас кои се под контрола на Тајван, на крајот на Јужното Кинеско Море.
Тајван се жали редовни такви мисии од страна на кинеското воздухопловство во последните две години, иако авионите не се приближуваат до самиот Тајван.