(ФОТО) СЕКОЈ ДЕН И ЗАПОЧНУВА СО ИСТА НАМИРНИЦА: Ова е тајната на совршеното тело на Меланија Трамп

Како поранешна манекенка и една од најинтригантните први дами кои некогаш зачекориле во Белата куќа, животот на Меланија, вклучувајќи ја и нејзината диета, заинтересираа многу луѓе.

Врз основа на поранешни интервјуа, односно од ретките можности кога зборувала за себе и за нејзиниот начин на живот, ги издвоивме само нејзините основни правила на исхрана.

Интересно е дека првата дама на Америка секој ден има ист доручек, по што може да се заклучи дека Меланија е навистина дисциплинирана жена.

И покрај фактот дека сега има повеќе обврски од било кога, оваа 48-годишна дама секогаш се грижи нејиниот доручек да биде здрав. Пред неколку години, Меланија откри за магазинот “GQ” дека денот го започнува со овесна каша и смути напиток направен од неколку состојки полни со витамини.

Се прашувате како убавата Словенка ја одржува својата витка линија? Таа најмногу конзумира овошје богато со антиоксиданси. Во едно интервју откри дека нејзината дневна цел е да изеде најмалку 7 различни овошки

.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.