(Фото) Сега ќе им ја земи и титулата: Новак Ѓоковиќ се врати на терените

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, откако победи на суд и ја потврди визата за Австралија, веднаш замина на тенискиот терен да тренира за претстојниот Австралија опен.

„Задоволен сум и благодарен бидејќи судијата го преиначи укинувањето на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овде да играм на еден од најважните настани што ги имаме во тенисот пред неверојатните навивачи“, изјави Ѓоковиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.