(Фото) Свадба од Холивуд: Еве колку ќе искешира Цеца само за менито на свадбата од нејзиниот син

Според српските медиуми свадбата ќе наликува на кралска венчавка, бидејќи сепак Цеца еднаш го жени синот единец. Доказ дека пејачката не штеди за свадбата на синот е и менито кое со кое ќе бидат почестени утре сите 500-тина гости.

Имено Цеца посакала на свадбата да биде служено „кралско мени“ кое чини 75 евра по лице и ги вклучува најлуксузните јадења и пијалаци, па така според оваа математика таа ќе искешира само 36 илјади евра во ресторанот, без претходните трошоци кои ќе ги има семејството.

Вељко, Богдана, Анастасија и Цеца по еднаш ќе се пресоблечат во текот на денот и ќе носат различни гардероби преку ден и за време на ноќта.

Менито кое го барала Цеца да го има на венчавката на синот се содржи од предјадење, главно јадење, супа и десет, како и пијалак.

Па така на менито кое е именувано како „кралско“ ќе има бифтек, кралска шеф салата, лосос со кокосово млеко, патка прелиена со сос од боровница, ќе се пијат најскапи алкохоли и виски, а за време на свадбената торта ќе се служи и моет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.