На социјалните мрежи се прошири прашалник од Државниот просветен инспекторат упатен до родителите за да го искажат нивното мислење во врска со работењето на ООУ “Блаже Конески” од Прилеп.
Бидејќи на прашалникот стои Република Северна Македонија Државен просветен инспекторат, еден родител го пречкртал Северна, а неговиот одговор за тоа бил:
“Овој прашалник со прашања за родителите не го потполнувам, бидејќи е издаден од држава која јас не ја признавам за своја”.
Фотографијата од одговорот на овој родител стана вирална на социјалните мрежи и деновиве има голем број споделувања.