На твитер профилот Илирида вечерва осамна пораката Thank you for your support, common land, што во буквален превод значи Ви благодариме за вашата поддршка, заедничка земја.
Твитер профилот на Илирида со пораката им се заблагодарува на Хан и неговиот придружник Куриакош кои вчера беа во посета на Скопје и имаа средби со четирите политички партии.
Да напоменеме дека Хан вчера во Скопје одби да се сретне со членовите од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, како и поради набиената агенда немаше време да ги прими новинарите кои му испратија загрижувачка порака и извештај за ситуацијата со медиумите во земјава по притисокот кои СЈО се обидува да го направи преку притворање на нејзиниот сопственик.
Извор: kurir.mk