(Фото) Редици верници во црковните храмови во Прилеп се поклонија и ја целиваа Светата Плаштаница со Христовото тело

Црковните храмови во Прилеп од утрово широко ги отворија портите за верниците, кои доаѓаат да се поклонат и да ја целиваат Светата Плаштаница на која е изобразено положеното тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Редици верници уште од утринава го исполнија дворот на храмот Св. Петка во населбата Точила.

Истата слика е и во останатите црковни храмови. Прилепчани уште еднаш покажаа дека ги следат духовните обичаии и традиции и на Велики петок ги исполнија духовните светилишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.