Фамилијата на пони коњчиња во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, доби нов член.
Огромна заслуга за донесувањето на свет на новото мало, слатко суштество имаат вработените во ЈКП Комуналец Прилеп, кои успешно ја реализираа улогата на ветеринари.
Пони коњчињата се вистинска атракција во паркот и голема радост за сите деца.
Инаку на Могилата во Прилеп има уште и кафези со егзотични птици, елен, зајаци и лама. Овие животни го надполнуваат колоритот на зеленило, цвеќиња, фонтани и прекрасна уреденост.
А.Г.