ФОТО – Пристигна и третиот ултра-модерен воз од Кина!

patnicki-voz-kina2-640x360

Третиот патнички воз од Кина пристигна во Македонија. Ова е втора дизел гарнитура која пристигна во Македонија. Четвртиот воз се очекува во Македонија да биде за околу еден месец.

patnicki-voz-kina-640x360

До првата половина на оваа година во Македонија треба да пристигнат сите шест патнички возови, четири дизел и два со електроморот, инвестиција вредна 25 милиони евра.

Првиот патнички воз кој пристигна во Македонија веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот многу скоро ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој денес пристигна ќе сообраќа по техничко-безбедносните контроли.

patnicki-voz-kina1-640x360

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета.

patnicki-voz-kina3-640x360




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.