Деновиве во Прилеп на повеќе локации никнаа графити на кои се пишува за сендвичите на маршот за поддршка на референдумот, доделувањето на стипендии на деца од функционерите на власта и промената на државното име…
Додека #ХариЛоквенец и синчето #Тале ќе кркаат 113.000 $, вие од @SDSMakedonija гласајте за #Северна и јадете сендвичи, за сокче ќе почекате другиот пат.#ИдеЖивот и мафта со Стипендии! pic.twitter.com/Fro0hgF7CQ
— Кокран (@Fortifikacija) September 19, 2018
За дел од овие графити била известена и полицијата, при што од МВР во полицискиот билтен информираа дека работат на расчистување на настанот.
Покрај тоа во полицискиот билтен на МВР известија и за оштетување на два месни штабови на СДСМ, сместени на улицата “Орде Чопела” и во населбата “Точила”.