Христина Чешлароска (28) од Прилеп се запиша помеѓу хуманите млади луѓе кои ја скратија својата коса и ја донираа во холандската организација “Haarwensen”, каде изработуваат перики за деца болни од pak, кои поради болecта ја изгубиле својата коса.
“Мојата коса која неколу години ја растев со цел да ја донирам за изработка на перики за болни дечиња, деновиве ќе патува и ќе ја исполни мојата мисија. За нас само коса која повторно ќе порасне, а за некого значи многу. Нас не не чини ништо, а за некого е цело богатство. За некои хумани дела не ви требаат пари, потребна е желба и волја. Ајде сите заедно да го направиме светот подобро место за живеење”, напиша Христина на својот Фејсбук профил.
За потсетување на ист ваков гест претходно се одлучија и Kaлина Стојаноска, Марија Кузманоска и Ивана Дамческа од Прилеп, како и Петар Стефановски од Крушево.
Секоја чест и поклон до земја за ваквото хумано дело!