Улиците и главните сообраќајнци во Прилеп деновиве се покриени со кал и тиња, па наликуваат на селски патишта.
Граѓаните со право реагираат и делат пцовки до надлежните, бидејќи не постои начин да се движиш, а облеката и чевлите да ти останат чисти.
Од калта не се познаваат ниту пешачките премини, ниту вертикалната сообраќајна сигнализација.