На 20.08.2023 во 16,30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„Петар Ацев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С. (59) од Прилеп и возило „фолксваген“ сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник од ОВР Прилеп.
Притоа, со телесни повреди се здобиле С.Ј., М. Ј., М. Ј. и М.С., констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп – стои во соопштението од ОВР Прилеп.
Во соопштението на МВР нема информација дали во сообраќајната незгода се повредени и полициски службеници. Според информациите на МАРКУКУЛЕ, на лице место интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, бидејќи М.С. бил приклештен во автомобилот.