Четириесет и шест годишниот Американец Калил Рафати сопственик на ланецот продавници за здрава исхрана е само доказ за човек кој од бездомник станал милионер.
Тој е сопственик на продавниците„sunlife“кои продаваат исклучително здрави сокови низ цела Америка, во својата книга „јас заборавив да умрам“ пишува дека пред само 13 години тој се борел со зависноста од дрога и имал само 48 килограми и бил потполно сиромашен, а денес е еден од најбогатите луѓе во регионот каде што живее.
Еден предлог од негов пријател да отвори индустрија за производство на природни сокови му го сменило начинот на размислување како и враќање на довербата. Неговиот бренд е веќе развиен и во Холивуд, а веќе е во преговори и за отворање на нови продавници во неговиот роден крај Малибу.