Децата трчаа по запрежни коли и да се фатат на задната дрвена ограда, канатата, кога минуваа бавно влечени од коњ, магаре, маска, но и од ѕевгар волови. Сега е реткост да се виде вакво “привидение”, зашто напредната технологија “гази” сé пред себе.
На фотографијата е овековечен “грбот” на егејските згради на Булевар и сé уште не изградената Стоковната куќа. Камената коцка зборува дека Прилеп е древен град со богата историја.
Сликата сведочи на времињата кога во маалата се носеа кошеви со тутун од нивите не само со магариња, туку и со популарните триколки.
На улицата покрај старата автобуска, нема веќе ниту дрвени, а ја нема ни пластфицираната зелена и тенекиена трафика за весници, цигари, с’кзи.
Сé е урнато. Никна катна гаража. И порано имало убавина, да размениш збор – два, во друштво по тротоарот, покрај жива ограда и млади дрвца, полни со живот.
Се менува градската физиономија. Останува само по некоја фотка за враќање во минатото.
Извор: “Неделник ЗЕНИТ”