Скоро девет милиони луѓе го гледаа последното новогодишно обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел.
Шеснаесеттиот новогодишен говор на германската канцеларка го гледаа 4.49 милиони гледачи на каналот АРД, а уште 4.33 на ЗДФ.
Минатата година Меркел ја гледаа околу 5.1 милиони граѓани, пренесува Хина.
“За девет месеци се одржуваат сојузни избори на кои јас нема да се кандидирам. Ова е мојот последен новогодишен говор”, рече Меркел.
Демохристијаните (ЦДУ), во овој момент се најпопуларната политичка партија во Германија, а сега треба го изберат и наследникот.