Двојниците на познатите личности не се ретки, но еден човек привлече посебно внимание, особено кога се појавил на гробот на својот двојник, Жељко Ражнатовиќ Аркан. Станува збор за Дарко Малиш, кој поради сличноста со Аркан е познат како Даркан. Не можел ни да замисли дека фотографијата која ќе ја постави на својот Фејбук профил ќе го “запали” интернетот.
Дарко Малиш е роден во Фоча, таму живее нормален, обичен живот.
– Откако ја поставив фотографијата, во рок од 24 часа, пријателите ми кажаа дека се споделува на интернет и дека започнало да се зборува како Жељко Ражнатовиќ е жив и дека го посетил својот гроб. И многу брзо оваа вест одекна на цел Балкан, настана хаос за кој не можев ни да замислам дека ќе се случи.
Гробот на Аркан го посетил и му запалил свеќ по предлог на еден монах од Острошки манастир.
Луѓето кои лично го познавале Аркан му кажуваат дека сличноста е неверојатна. Тој имал само една непријатност, од страна на хрватските цариници.
“Една вечер отидов да купам бурек, а позади мене одеше друг човек. Кога ме виде, едноставно пребледе и парите му паднаа од раце. Сум имал многу вакви сцени, како човекот да станал од гроб – еве воскресна Аркан”, вели Дарко.