(ФОТО) Политичар без облека се прошета низ град – му ги украле алиштата додека се капел во река

Германскиот политичар, 77-годишниот Александер Гауланд не поминал добро кога одлучил да се капи во река крај Берлин. Непознати сторители му ја украле облеката која ја оставиле на крајбрежјето и извикале „Нема капење за нацисти“.

Гауланд бил присилен полугол да шета по улица во придружба на полиција која известила дека зад ова кражба веројатно стојат политички причини.

Фотографија од Гауланд како шета само во шорц за капење и чевли на нозете преку ноќ стана вистински хит на друштвените мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.