Актерката Гала Виденовиќ во популарната серија “Жикина династија” ја имаше можеби најважната улога во нејзината кариера. Таа го толкуваше ликот на Русинката Наташа со кој стекна голема популарност.
Гала одлучила да ги напушти овие простири и да живее во Холивуд.
– Живеам во Малибу, дел на Лос Анџелес. Имам своја куќа во еден од кањоните. На врвот живееше Шон Пен. Мој сосед беше и Ед Харис. Но што се случи. Забременив, а никој не го знаеше тоа. А во тој момент ме очекуваше многу работа, но верувам дека ништо не е случајно. Мојот менаџер има систем за да вметне во друштвото. Одиш на скара кај Стинг. Па потоа на домашна забава кај бендот Дипеш Мод.
Во Малибу секој ден гледаш голем број на филмски ѕвезди кои ти се соседи. Одев на аудиции, а стомакот ми се забележуваше. Сфатив дека нема да можам тоа долго да го кријам. А се се’ случи во тие клучни шест месеци кога требаше да се “paзгopи” мојата кариера. И јас решив да исчезнам. Не се јавував на телефон. И го родив мојот син Демијан во Малибу.