ФОТО: Пензионер во шок откако го видел ова суштество на ѕидот од неговата куќа

Giant-goanna

Еден пензионер од Австралија останал во шок откако на ѕидот од неговата куќа видел вистинско чудовиште.

Ерик Холанд, 80-годишен пензионер, вели дека излегол од дома и на ѕидот видел огромен гоана гуштер!

Овој вид гуштери се карактеристични за поднебјето на Австралија, а можат да пораснат и до 2,5 метри во должина!

-Се качил на ѕидот и со опашката тропаше по олукот. Да видев вонземјанин, немаше толку да се исплашам, вели Холанд.

Гуштерот набрзо избегал, но пензионерот се уште се плаши повторно да не има средба со џиновското суштество.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.