Дали верувате дека во светот постои човек кој отишол во пензија на 95 години? Доказ дека тоа е можно е докторот Елсворт Ворхем, славен кардиохирург кој неодамна наполнил 100 години.
Тој во животот поминал сè и сешто, вклучително и Втората светска војна, во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.
-Го знаете она кога луѓето велат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека мојот беше лекарскиот, вели Ворхем.
Како славен хирург многу пати видел срце, крвни садови и бели дробови уништени од храна, пушење, недоволно сон и премалку движење. Уште пред повеќе од 60 години одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави намирници.
Бидејќи месото се смета за храна богата со важни состојки тој одлучил лично тоа да го провери. Спровел студија и заклучил дека протеините од животински масти го зголемуваат нивото на холестерол, па неговата одлука била да премине на веганска исхрана – мени кое ја вклучува сета храна од животинско потекло.
Исто така, секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 часот наутро. Елсворт верува дека за него најдобро е да јаде два пати дневно, а за појадок задолжителни се житарките од цело црно со бадемово млеко.
Остатокот од денот, овој човек го минува со семејството и вежба така што ја средува градината која ја има – ја коси тревата, ги средува розите и декоративните грмушки.
Благодарение на овој начин на живот, тој престанал да оперира дури на 74 години, две години подоцна од законски пропишаното, а до својата 95 година предавал на Универзитет и бил ментор на млади доктори за време на големи операции. Доколку било потребно им помагал.
На него и ден денес не му е потребна помош од друг, работи без никаков проблем, во градината поминува и до 10 часа дневно.
Пензионерските денови ги минува во друштво со 14 години помладата сопруга Барбара, која ја запознал во 1948 година во болница каде работел како шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.
-Кога еднаш излегов со него, младите момчиња повеќе не ме прилекуваа, изјавила Барбара која имала 21 година кога се започнала со Елсворт. Тие се 60 години во брак и имаат пет деца, четири сина и една ќерка, како и 8 внуци.
Тој верува дека тајната за долговечност е во правилната исхрана и активниот живот.
-Ако имате холестерол близу долната граница, малку се шансите да доживеете срцев удар. Јас воопшто не би се вознемирил ако почувствувам болка во градите, знам дека не е ништо, посочува искусниот доктор кој додава дека ужива во животот.