Отpoвната риба паун забележана е во водите на Јадранско море во близина на брегот на Италија и Албанија.
Отpoвот на оваа риба се наоѓа во речиси сите делови од нејзиното тело, а убoдoт е многу болен и во одредени случаи може да предизвика сериозни последици, па неопходно е да се посети лекар, пишува хрватскиот портал “Морски”.
Уредникот на Фејсбук страната Подводни.хр, Перо Угарковиќ, предупредува дека појавата на оваа риба во хрватскиот дел на Јадранот може да се очекуваа уште оваа години, како и на тоа дека се работи за инвазиски вид, но не може со сигурност да се процени како ќе влијае на екосистемот.