Одговорите на задача на тест на еден основец во Србија станаа хит на социјалните мреже и предизвика воодушевување кај оние кои сметаат дека е добро што децата се уште „мислат со своја глава“.
Имено, спорната задача гласела; „Напишете ги со цифри следните броеви“. Ученикот ја сфатил задачата буквано како што пишувало, па покрај секој број напишан со букви, со цифри го напишал „следниот број“, односно бројот што следува по него.
Наставничката сепак не го сметала одговорот за точен и на ученикот му дала минус четири бода.
– Детето напишало апослутно точно се. Тоа што не знаат да ја постават прецизно задачата е нивна работа. Требало да пишува „напишете ги со цифри наведените броеви“, гласеше еден од коментарите на социјалните мрежи.
Родителите не ученикот не правеле проблеми поради задачата, туку напротив биле горди со начинот на кој размислува нивното дете, наведува Б92.