Американецот Стјуарт Би (62) бил пронајден на околу 140 километри од Кејп Канаверал, како се држи за трупот од својот брод, еден ден откако било пријавено неговото исчезнување.
Бил забележан од еден транспортен брод, далеку од брегот на Флорида, на отворено море.
Стјуарт ја напуштил марината во Кејп во петокот, но откако не се вратил наредниот ден, било пријавено неговото исчезнување. Крајбрежната стража потоа ја започнала потрагата.
“Спасувањето на животи е нашата работа. За среќа, се заврши добро”, вели капетанот Марк Влон и им се заблагодари на сите кои учествуваа во акцијата.