(Фото) Ова е најстариот инсект на светот: Пронајден фocил стар 425 милиони години

Фосил на диплопода, која припаѓа на најголемата група стоногалки, пронајден е на шкотскиот остров Керера. По долго истражување научниците од Универзитетот во Тексас ја утврдија нејзината старост, 425 милиони години.

Претходно се веруваше дека староста на овој фocил е 350 милиони годин, на авторите на студијата, користејќи напредни методи за проучување на фocилите, “додадоа” 75 милиони години, пишува рускиот “National Geographic”.

Работата на американските истражувачи произведе нови информации за потеклото и развојот на инсектите и растенијата. Тие сметаат дека растенијата се развивале многу брзо. Во само 40 милиони години, се развиле од заедница која опфаќа само подрачја во близина на езеро, до сложени шумски екосистеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.