ФОТО – ОБЈАВЕНА ЦЕНАТА НА ЛАДА ИКС РЕЈ: Неверојатната нова Лада со неверојатна цена од само 7.000 евра!

ladaxray23-30rsh6kmyle8bwnaz40fsw

„АвтоВАЗ“ во четвртокот официјално ги објави цените за новиот модел Lada Xray – најевтината верзија изнесува 589 илјади рубли, а најскапата – 723 илјади рубли.

„Препорачаната малопродажна цена почнува од 589 илјади рубли. Продажбата на моделот ширум Русија почнува на 14 февруари 2016 година“, соопшти производителот на автомобилот, пренесува „Взгљад“.

ladaxray22

Во основниот комплет под називот Optima (мотор LADA 1,6 л., 106 КС, рачен менувач) влегуваат две предни воздушни перничиња, ESC, систем за помош при тргнување во искачување, аудио-систем, систем за навигација ЕРА-ГЛОНАСС и други опции. Xray, опремена со посилен мотор 1,6 л (110 КС) со дополнителен пакет опрема Comfort, кој вклучува греење на предни седишта, клима-уред и преграда со ладење се нуди за 628 илјади рубли.

ladaxray

Истиот автомобил опремен со мотор Lada 1,8 (122 КС) и автоматски менувач АМТ, се нуди за 653 илјади рубли. Вредноста на покомфорниот автомобил во верзијата Top почнува од 668 илјади рубли за автомобил опремен со мотор 1,6 л, 110 КС и рачен менувач.

За најлуксузните Xray се нуди пакетот Prestige со грејачи на предно стакло, камера за поглед одзади, автоматска клима, сензори за дожд и светлина и затемнето стакло. Вредноста на таквиот автомобил со мотор 1,6 л. и рачен менувач изнесува 698 илјади рубли, со мотор Lada 1,8 и автоматски менувач – 723 илјади рубли. Сериското производство на Lada Xray почна во „АвтоВАЗ“ на 15 декември 2015 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.