Maкедонската џебна Венера веќе години наназад работи на брод и не чести со прекрасни фотографии од рајските дестинации што ги посетува. Сепак долго време немавме можност да ѕирнеме како поточно изгледа работното место на Ноне Неделковска.
Неодамна таа ни откри дека работи во парфимерија на брод, каде им помага на гостите на бродот да ги изберат вистинските мирисни ноти, кои дополнително ќе го разубават нивното патување.
Во текот на нејзиниот работен ден таа е облечена во деловно издание најчесто во темни нијанси. Сепак дури и кога носи сако и маичка таа блеска, а нејзините бујни гради повторно додаваат сексапил на целосниот изглед.