(ФОТО) Новиот кружен тек во неповрат однесе неколку дрвја во центарот на Прилеп – Можеме ли да го вратиме стариот препознатлив зелен излед на градот?

Урбанизирањето на градовите се повеќе го намалува зеленилото, а со тоа и чистиот воздух. Постарите генерации со сигурност носталгично се сеќаваат на раззеленетиот Прилеп во годините на поранешна Југославија. Безбројните дрвореди од тоа време, во последните 30-тина години се повеќе исчезнуваат, а причина за тоа е изградбата на нови проширени сообраќајници, кружни текови и слично.

Ниту со изградбата на новиот кружен тек на раскрсницата кај Центарот за култура “Марко Цепенков”, не изостана сечата на нови дрвја. Па така овој проект кој е замислен да го олесне одвивањето на сообраќајот во центарот на Прилеп, однесе 6-7 стебла во неповрат.

Прашањето кое граѓаните го поставуваат е дали е возможно ваквата сеча да се избегне и ако не е, тогаш добро би било за секое пречено стебло, да се засадат десетина нови, онаму каде што постои простор и можност за тоа.

Претходно со реконструкцијата на булеварот “Гоце Делчев”, исто така трајно беа пресечени 10-тина дрвја, кои за жал не беа заменети со нови садници.

Можеме ли да го вратиме стариот препознатлив зелен излед на градот? Одговорот е можеме, потребна е само желба и иницијатива! Секако тоа треба да го направиме час поскоро, затоа што за дебела зелена крошна потребни се 10-20 години…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.