Актуелниот шампион во УФЦ во лесна категорија, руксиот борец Хабиб Нурмагомедов рече дека не е заинтересиран за реванш со Ирецот, Конор Мекгрегор.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, во неделата рече дека реваншот меѓу Нурмагомедов и Мекгрегор може да се одржи на есен, но на рускиот борец таа идеа не му се допаѓа.
“Не сум заинтересиран за реванш со Мекгрегор. Што ако ми понудат 100 милиони долари? Има многу други спортови во кои таа сум може да се вложи. Зошто би ми требале 100 милиони долари- само ако повторно го победам?, рече Хабиб, пренесува Тас.