Во некои балкански земји времето личи на вистинска зима, иако е пролет. Снег има во Босна и Херцеговина.
Во повеќето градови температурите се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места наврна и снег. Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата е до пет степени.
Снег има во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, и во Чемерно.