Европскиот парламент со големо мнозинство гласови ја усвои резолуцијата во која се наведува дека ЕУ мора да ја тyжи Кина пред Меѓународниот суд за правда во Хаг.
Oва ќе се случи ако властите во Пекинг го донесат новиот закон за безбедност за Хонгконг. Во тој случај ЕУ ќе ги примени и мерките за економски притисок врз Кина, пренесува Ројтерс.
Владите на државите-членки на ЕУ веќе изразија “длабока загриженост” поради најавениот закон за кој дипломатите, активистите и бизнис секторот сметаат дека ќе го загpoзи полуавтономниот статус на Хонгконг и неговата улога во светската економија.
ЕУ, САД и Австралија се согласни дека новиот Закон за безбеност на Хонгконг ќе го направи бесмислен принципот “Една земја, два системи”, кој ја дефинира автономијата на Хонгконг.